Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС - НАДЛЕЖНОСТИ

Надлежност
Основниот суд во Велес е првостепен суд со проширена надлежност кој покрај надлежноста утврдена за основните судови со основна надлежност за подрачјата за кои се основани, е надлежен да одлучува:
1. во прв степен по кривичните дела и прекршоци, и тоа:
- за кривичните дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до пет години, ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд,
- за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност,
- да спроведува истрага или истражни дејствија за кривични дела од својата надлежност,
- за сите видови на прекршоци, освен за прекршоци кои созакон се ставени во надлежност на орган на државна управаили организација или друг орган што врши јавни овластувања и
- за жалби и пригивори за постапките за кои се надлежни овие судови
2. во прв степен по граѓанските спорови, и тоа:
- за спорови во имотно-правните и други граѓанско правни односи на физички и правни лица, чија вредност е 15.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
- за спорови за утврдување и оспорување на татковство и мајчинство, утврдување на постоење на брак, поништување на брак и развод на брак,
- за законска издршка,
- за чување и воспитување на деца,
- за смеќавање на владение,
- за доживотна издршка,
- за надоместок на штета која не надминува 15.000 евра во денарска противвредност,
- за постапка за обезбедување и извршување,
- за работни односи,
- за спорови од наследно-правни односи,
- во вонпарнични о оставински работи,
- да водат тапии и
- за други работи утврдени со закон,

Надлежен е да одлучува и:

1. по кривичните дела, и тоа:
- за оние за кои со закон е предвидена казна затвор над пет години и за кривични дела и прекршици извршени од малолетни лица,
- да постапува по предмети за екстрадиција,
- по жалби и приговори за постапките за кои е надлежен и
- да решава за постапки за меѓународна правна помош утврдена со закон.

2. по граѓанските спорови, и тоа:
- за спорови од имотно-правните и други граѓанско правни односи на физички и правни лица, чија вредност е над 15.000 евра во денараска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
- во трговски спорови во кои двете странки се правни лица или државни органи, како и спорови од авторски и други сродни права и права од индустриска сопственост,
- водат судски регистар за политички партии,
- во постапка за стечај и ликвидација,
- во спорови за утврдување и обезбедување за присилно извршување и
- за спорови на домашни правни и странски лица кои произлегуваат од нивните меѓусебни стопански односно трговски односи.

Основен суд во Велес се основа за подрачјето на општините: Велес, Градско и Чашка;

Основен суд Велес функционира како Основен суд со проширена надлежност, а тоа значи дека покрај надлежноста што ја имаат Основните судови, како Основен суд со проширена надлежност постапува и по предмети од подрачјето на Основните судови во Гевгелија, Кавадарци и Неготино.

  • Историјат
  • Годишни Извештаи
Историјат
Формирањето на првите редовни цивилни судови во Македонија започнува со донесувањето на Одлуката на второто заседание на АСНОМ од 02 август 1944 год. Со оваа одлука се формираат судски органи, поверенство за судство, судски оддели при Народно-ослободителните одбори и утврдуваат нивни задачи. На 20 Октомври 1944 год. е донесено решение на президиумот на АСНОМ во кое со т.12 се предвидува дека до целосното уредување на Правосудството во Македонија, судењата ќе се вршат во рамките на Народно-ослободителните одбори. За разлика од револуционерните судови, судовите на партизанските одреди во овој период се јавуваат како специфичен вид на правосудни органи кои иако формирани од НОВ на Македонија сепак се карактеризираат по две нешта и тоа прв пат станува збор за правосудни органи засновани со акт на законодавно тело и органи кои се одвоени од воената структура доминантна како таква во сите сфери на живеење во тој период. Секој од овие судски оддели бил составен од Прочелници, Секретар и неопходен персонал, а судењата се спроведувале од совет од пет члена избрани од територијата на Округот. Судиите во советот често немале соодветно образование, меѓутоа Секретарот на секој судски одбор бил правник именуван од Президиумот на АСНОМ.

Делокругот на работа на овие судови сообразувал со времето во кое се формирани, па така најголемиот број на случаи што ги решавале биле поврзани со казнување на сторителите на разни злосторства против народот, казнување на шпионите и соработниците на окупаторот, нарушување на воената дисциплина во редовите на НОВ, како и зачувување на придобивките на револуцијата, а многу поретко заштитата на имотот на граѓаните и нивните меѓусебни спорови.

Судовите во Република Македонија меѓу кои и Основен суд Велес се основани со Повелба на Президиумот на АСНОМ за устројство на редовните судови во Македонија од 31.03.1945 год. Оваа повелба преставува прв законодавен акт на првиот законодавен орган создаден во текот на НОБ со кој се утврди постоење на 25 Општински судови, 3 Обласни суда и Врховниот суд на Македонија. Оваа Повелба претставува најзначаен законодавен акт со кој се удрија темелите на судството во Република Македонија.
Според Уставот на СФРЈ од 1963 год. судскиот систем го сочинуваат судови од општа надлежност (во кој спаѓаат и Општинските судови) и специјализирани судови. Основниот закон за судовите од општа надлежност ги даде основните решенија за уредувањето и организацијата на судовите од општа надлежност одредувајќи дека основањето, укинувањето, подрачјето и седиштето на судовите во Републиката се уредуваат со Републички закон. Врз основа на ова овластување, во 1965 год. во Социјалистичка Република Македонија е донесен Закон за подрачјата на Општинските и Окружните судови од општа надлежност во СР Македонија. Според овој закон во СР Македонија постојат 25 Општински суда меѓу кои и Основен суд Велес.
Со Уставните реформи од 1974 год. судската функција е доверена на редовните судови како органи на државната власт и на самоуправни судови. Согласно Законот за редовни судови со чл. 49 и 70 се определуваат Општинските и Окружните судови со нивните седишта и територијалната надлежност на секој од нив.
Согласно Законот за судовите (Службен весник на РМ бр. 36/95) Основен суд Велес е надлежен за подрачјето на општина Велес.

Согласно Законот за судовите (Службен весник на РМ бр. 58/06) Основен суд Велес функционира како Основен суд со проширена надлежност, а тоа значи дека покрај надлежноста што ја имаат Основните судови, како Основен суд со проширена надлежност постапува и по предмети од подрачјето на Основните судови во Гевгелија, Кавадарци и Неготино.