Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Одлуки на Основниот Суд Велес

26.11.2012   ПРК-С.бр.4/12
ПРК-С.бр.4/12
ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Основниот суд Велес, како првостепен суд преку судијата «Тања Милева» со записничар «Тања Милева» решавајќи по барањето на «ПС ЗА БПС НА АВТОПАТ ПЕТРОВЕЦ» под бр.«22.4.5.1/1803» од 03.06.2011 год. во прекршочниот предмет против «Емран Маличевски» од «С.» за прекршок по «чл. 231 ст. 5 в.в со ст.4» од «Закон за безбедноста на сообраќајот на патиштата», а на основа на чл.30 ст. 3 од Законот за судовите, чл.23 од ЗКП, и чл.70,114 ст.1. и чл.118 од Законот за прекршоците, на одржаниот јавен претрес во отсуство на обвинетиот, на ден «22.08.2012» година, ја донесе следната

П Р Е С У Д А

ОБВИНЕТИОТ- «Емран Маличевски», роден «…» година во «С.», со ЕМБГ- «…», женет татко на 7 деца, не вработен, прима социјална помош, живее во «С.» на ул. „«…»“, Ром, Државјанин на РМ, не казнуван, не осудуван.
В И Н О В Е Н Е

ЗАТОА ШТО - на ден 15.04 2011 околу 11,45 часот на ул.Петре Прличко во близина на градскиот пазар во Велес го нарушил јавниот ред и мир на начин што поради претходна случка го оттурнал оштетениот Н. Б. од моторот на кој се качувал, па паднал и се здобил со повреди.
Со таквото дејствие сторил прекршок по «чл. 231 ст. 5 в.в со ст.4» од «Закон за безбедноста на сообраќајот на патиштата», па се
К А З Н У В А

Со ГЛОБА од 300 евра во денарска противредност, според средниот курс на НБРМ на денот на пресудувањето. Согласно чл. 31 од ЗП судијата изврши ублажување на глобата.
Обвинетиот е должен глобата да ја плати во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата а во спротивно истата присилно ке се наплати.
Обвинетиот е должен да плати паушални трошоци во износ од 1000,00 денари на примачот Буџет на РМ, Банка на примачот - НБРМ сметка 100000000063095 , уплатна сметка - 840 111 06137 и приходна шифра и програма 724132 00.

О б р а з л о ж е н и е

«ПС ЗА БПС НА АВТОПАТ ПЕТРОВЕЦ» поднесе барање за поведување прекршочна постапка под бр.«22.4.5.1/1803» од 03.06.2011 год. против обвинетиот «Емран Маличевски» од «С.» за прекршок по «чл. 231 ст. 5 в.в со ст.4» од «Закон за безбедноста на сообраќајот на патиштата» и бараат истиот да се огласи за виновен и казни според законот.
Заради разјаснување на работите судијата закажа и одржа претрес на кој ги испита обвинетиот, сведокот Н. Б., изврши увид во барање за поведување на прекршочна постапка бр.«22.4.5.1/1803» од 03.06.2011 година, записник за констатиран прекршок од 15.04.2011 година, па од вака изведените докази, ценејќи го секој поединачно и во нивната целина, судијата ја утврди следната фактичка состојба:
«Емран Маличевски» на ден 15.04 2011 околу 11,45 часот на ул.Петре Прличко во близина на градскиот пазар во Велес го нарушил јавниот ред и мир на начин што поради претходна случка го оттурнал оштетениот Н. Б. од моторот на кој се качувал, па паднал и се здобил со повреди.
Ваквата фактичка состојба судијата ја утврди од изведените докази особено од исказот на оштетениот Н. Б. кој пред судот беше категоричен и недвосмислен во исказот дека обвинетиот го турнал од моторот, при што тој паднал и се здобил со повреди и поради што судот му поклони целосна верба, кон која се надозврзуваа и останатите докази и прават една логичка целина. Судијата ја ценеше и одбраната на обвинетиот дека само одел кон него за да го праша зошто го тепа неговото дете и дека оштетениот кога го видел избегал, но на оваа одбрана судијата не и поклони верба, а ова од причина што истата е осмена и непоткрепена со други докази. Судот истата ја оцени како дадена со цел да се прикрие прекршокот и избегне одговорноста за него.
Како во дејствието на обвинетиот се содржани одбележоците на прекршокот по «чл. 231 ст. 5 в.в со ст.4» од «Закон за безбедноста на сообраќајот на патиштата», судијата го огласи за виновен и казни како во изреката.
Судот при одлучување ги ценеше олеснителните и отежнителните околности. Како олеснителни ги ценеше околностите што лицето досега е не казнуван и не е осудуван корисник е на социјална помош, татко на седум малолетни деца, па го примени чл.31 од ЗП и изврши ублажување на казната. Како отежителни ги ценеше околностите за начинот на сторувањето на прекршокот и степенот на прекршочната одговорност и однесувањето пред судот, па судот основано очекува да со вака изречената казна ќе се постигне целта на казнувањето во иднина да не стори обвинетиот нови прекршоци, а казните воспитно да влијаат и во средината каде живее и се движи, а исто така со истата ке се постигнат целите на казнувањето во смисла на чл.32 од КЗ како на планот на индивидуалната така и на генералната превенција.
Обвинетиот е должен да плати паушални трошоци во износ од 1000,00 денари на примачот Буџет на РМ, Банка на примачот - НБРМ сметка 100000000063095, уплатна сметка - 840 111 06137 и приходна шифра и програма 724132 00.


Записничар С у д и ј а
«Тања Милева» «Тања Милева»

ПРАВНА ПОУКА-против оваа пресуда дозволена е жалба во рок од 8 дена од денот на приемот на пресудата преку овој суд до Апелационен суд-Скопје

Назад