Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
24.08.2010
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Одлуки на Основниот Суд Велес

15.11.2013   П1 бр.110/13
П1 бр.110/13

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОСНОВНИОТ СУД ВЕЛЕС како првостепен парничен суд во состав од судијата Виолета Мојсова како претседател на советот и судиите поротници Силвана Печкова и Велика Гелева како членови на советот решавајќи по тужбата на тужителката Л. С. против тужените Б.а Ш., Т. Ш. и А.Н. сите од В. за утврдување право на сопственост, вредност на спорот 40.000,00 денари по одржаната усна, јавна и главна расправа на ден 05.11.2013 година во присуство на полномошникот на тужителката адвокат П. Т., првотужената лично и полномошникот на прво и второтужените адвокат Б. С., ја донесе и објави на ден 12.11.2013 година следната

П Р Е С У Д А

Тужбеното барање на тужителката Л. С. да се утврди дека спрема тужените Б. Ш., Т.Ш. и А. Н. сите од В. е сопственик на површина од .. мкв. како дел од КП бр. … како и на површина од … мкв. со кој сега владее или вкупно …мкв. од КП бр. … на ПЛ бр…. за КО О., па да се задолжат тужените да и го признаат тоа право, да ја отстранат поставената жица и да и го предадат во владение делот на кој е сопственик, се под страв на присилно извршување во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата и во истиот рок да и ги надоместат трошоците во спорот во износ од 164.040,00 денари, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.
СЕ ЗАДОЛЖУВА тужителката на прво и второ тужените да им ги надомести трошоците во спорот во износ од 70.950,00 денари во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата.


О б р а з л о ж е н и е

Пред овој суд поведена е постапка по тужба на тужителката против тужените за утврдување право на сопственост, вредност на спорот 30.000,00 денари под П.бр.235/08. По спроведената постапка донесена е пресуда од 15.11.2012 год. која со решение ГЖ.бр.686/13 од 11.07.2013 год. на Апелациониот суд Скопје е укината и предметот е вратен на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување.
Постапувајќи по укажувањата на Апелациониот суд Скопје, овој суд закажа и одржа расправа.
Во тужбата и на расправата тужителката преку полномошникот наведува дека основаноста на тужбеното барање произлегува од сите докази и вештачењата кои се спроведени а особено од в.л. м-р М. Н. а кое се потврдува и со вештачењето од вештите лица Б.Р. и Р. А. кои констатираат дека недвосмислено на основа на договорот за купопродажба секоја од странките треба да има во владение по 1/2 идеален дел од двете парцели што значи и од спорната КПбр…. меѓутоа тој потврдува дека тоа води кон нелогичност на поделбата со основната парцела која праволиниски треба да ја подели помалата КПбр. ... На ова најдобро укажува вештото лице м-р М.Н. кој наведува дека на лице место и двете странки владеат точно по 244 мкв. меѓутоа граничната линија треба да претставува продолжение на линијата која ја дели основната односно поголемата парцела па од тој аспект спорната површина како што е и на лице место завладеана треба да припадне на сега тужителката. Бара да и се надоместат трошоците во постапката.
Во одговор на тужбата прво и второтужените преку полномошникот наведуваат дека тужбеното барање е неосновано од причини што се стекнале со право на сопственост на недвижениот имот согласно со чл. 112 ст. 1 од ЗСДСП врз основа на правна работа договор за купопродажба Зав. НД. … од .. година склучен со правниот претходник на тужителката, нејзиниот татко. Откако го склучиле договорот, го примиле во сопственост и владение и непрекинато го владеат. Во водениот спор Пбр. 973/93 донесена е пресуда во која е утврдено што купиле. Врз основа на таа пресуда поведена е постапка за начинот на управување и користење на заеднички недвижен имот ВППбр.141/93 и по правосилноста на донесеното решение својот имот го оградиле со жичана ограда и оттогаш непречено го владеат. Од друга страна бидејќи се стекнале со право на сопствност врз основа на правна работа како совесни и законити владетели на овој имот повеќе од 10 години согласно со чл. 124 ст. 2 од ЗСДСП се стекнале со право на сопственост по пат на одржувачка кога се има во предвид дека договор е склучен во 1992 година, физичката делба е во 1993 година а тужбата е поднесена во 2008 година. Од друга страна тужителката со ниту еден доказ не докажа дека таа е сопственик на спорното место. Бара надоместување на трошоци во спорот.
Третотужениот на расправата не се јави, уредно беше повикан на огласната табла на судот согласно со чл. 125 од ЗПП а своето отсуство не го оправда, па расправата се одржа во негово отсуство.
Од изведените докази на расправата и тоа од увид во: стручен наод и мислење од Е. С.ДООЕЛ С. од септември 2012 година, дополнителен наод и мислење од Е. С.ДОЕЛ С. од октомври 2012 година СВ III бр….., од исказите на вештите лица Б.Р.дипл. геодетски инженер и Р. А. дипл. геодетски инеженер од С., пресуда на овој суд П бр. 973/93 од 16.02.1999 година, пресуда на Апелационен суд Скопје ГЖ бр. 3084/99 од 30.09.1999 година, решение ВПП бр. 141/93 од 10.09.1993 година, решение ВПП бр. 141/93 од 26.06.2000 година, решение И бр. 5588/01 од 10.03.2003 година, пресуда на овој суд П бр. 670/04 од 15.11.2007 година, наод и мислење на Б.за с.в.С. од в.л. м-р М. Н. дипл. геодетски инженер III СВ бр. .. во предметот на овој суд П бр. 670/04 со скици, договор за купопродажба на недвижен имот Зав II НД бр…. од 23.04.1992 година, договор за дар на недвижен имот на нотар Е. М. од В.ОДУ бр…. од ..година, ПЛ бр….за КО О.издаден до ДЗГР О. п. и к. В. … од 4.07.2008 година, записник за увид на лице место од 23.09.2009 година, уверение на АКН О. за к. на н. В. бр. …од ..година, извештај и скица на в.л. В. С. од ДГР Г. В-Б ДОО В.од 25.11.2009 година и наод и мислење од Б. за с. в. С. СВ III бр…од април 2012 година, и исказот на првотужената сослушана како странка а по анализа и оцена на сите така изведени докази согласно со чл. 8 од ЗПП судот можеше да ја утврди следната фактичка положба:
Со договор за купопродажба на недвижен имот од 14.04.1992 година заведен пред овој суд под Зав II НД бр. … од … година продавачот Т. С. татко на тужителката, на Т.Ш., татко на прво и второтужените и на третотужениот А. Н. им продал 6/3 идеален дел од неговиот имот: КПбр…. нива од …мкв. и КП бр. …од …мкв. на ПЛ бр. ..за КО О.а со правосилна пресуда П бр. …од 16.02.1999 година се утврдува дека во овој договор за купопродажба внесена е невистинита содржина така што договорот се однесува за 3/6 идеален дел односно за 1/2 идеален дел од предметниот имот.
Од предлагачот Т.С. против противниците Т.Ш.и А. Н. била поведена постапка за уредување на начинот на користење и управување на заедничкиот имот и донесено е правосилно решение ВПП бр. … од 26.06.2000 година со кое се уредува начинот на управување и користење на заедничкиот имот на кој предлагачот и противниците имаат по 1/2 идеален дел така што на предлагачот му припаѓа на користење од КПбр. .. површина од … мкв. северен дел со наведени мери и граници и од КПбр… површина од …мкв. северен дел а на противниците им припаѓа од КПбр. …површина од … мкв. јужен дел со наведени мери и граници и од КПбр…. површина од … мкв. јужен дел со наведени мери и граници. По правосилноста на решението ВПП бр. 141/93 од 26.06.2000 година секој го владеел својот дел а противниците Т.Ш. и А. Н. го оградиле својот дел и така се владее до денес.
Потоа од Т. Ш. и А. Н. против Т.С.. била поведена постапка за присилно извршување на правосилното решение ВПП бр. 141/93 од 26.06.2000 година под И бр. 5588/01 и било донесено решение од 10.03.2003 година со кое се одбива предлогот бидејќи решението не е подобно за извршување така што утврдени се реалните делови со мери и граници, не постои престација и обврска која би била предмет на извршување.
По тужба на правниот претходник на тужителката нејзиниот татко Тодор Стојановски против тужените Т. Ш. и А. Н. за неосновано збогатување пред овој суд водена е постапка П бр. 670/04 во која донесена е пресуда од 15.11.2007 година со која се одбива тужбеното барање да се задолжат тужените да му исплатат сума во износ од 12.926,00 денари затоа што е застарено. Во тој предмет спроведено е вештачење од вештото лице м-р М. Н. од Б. за с. в. С. Св. III бр. … од 13.10.2005 година.
Според уверение од АКН О.за к. на н. В. бр…. од… година со авионско снимање за КО О. од 1960 година заведена е КП бр. … со површина од … мкв., нива од ..кл. во м.в. П.заведена во поседовен лист .. на име С. А. Д.од с. О. Со список на промени бр. од 1978 година по основ на договор за купопродажба бр…. и купопродажба бр. … од 1978 година формирана е КПбр. … со површина од …и заведени се во нов пописен лист бр. …за КО О. на име на С. Т. од В. Со список на промени бр. … од 23.04.1992 година а по основ на договор за купопродажба Зав.НД бр…. од … година имотот преминува на име на С. Т. 2/4 идеален дел, Н. А.и Ш. Т. по 1/4 идеален дел. Со список на промени бр.14/02 од 2002 година, 4/8 идеален дел од КП бр. .. на име на С. Т.преминува на име на тужителката. Со последната состојба во катастарскиот операт за КО Отовица заведена е КП бр. .. со површина од …мкв. нива од .. кл. во м.в. П. во Поседовен лист бр. …на име на С. Т.Л. 4/8 идеален дел, Н. А. 2/8 идеален дел, Ш. Б.и Ш. Т. по 1/8 идеален дел и оваа состојба се води и денес.
Според записник за увид на лице од 23.09.2009 година во м.в. Прогон во КО О. тужителката има парцела која на лице место е посадена со лозов насад подигнат на високи бетонски столбови - шпалир а редовите се исток - запад со тоа со влезот на парцелата е од источната страна. Парцелата на тужените се граничи со працела на тужителката од јужната страна и влезот на истата е од источната страна, има овоштарник и изградена куќа од цврста градба со дворно место на западната страна од парцелата. Спорното место се наоѓа западно од парцелата на тужителката и се граничи од север и од исток со парцелата на тужителката а од источната страна се граничи со дел на тужените и не е оградено од парцелата на тужените. Од јужната страна се граничи со тужените и е заградено со жичена ограда. Во спорното место се забележува дека има овошни дрвја: дуња, две круши и орев а истото не е обработено и е обраснато со трева и го користат тужените .
Според наод и мислење од ДГР Г. В-Б ДОО В. од 25.11.2009 година со премерниот катастар на земјиште за КО О. од 1964 година а кој се заснова на авионско снимање од 1960 година, запишана е КП бр. … нива од ..л. со површина од …мкв. м.в. П., во ПЛ бр. 28 на име С. А.Д. од с. О. Во 1978 година по основ на договор за купопродажба бр… и … е формирана сегашната КП бр. … нива од ..кл. со површина од … мкв. и е запишана во ПЛ бр. …на име на таткото на тужителката С. Ј. Т. од В.. Во 1992 година по основ на договор за купопродажба НД бр. .. од … година, КП бр. …е запишана во ПЛ бр. … на С. Ј. Т. 2/4 идеален дел, Н. П.А. 1/4 идеален дел и Ш. Т. 1/4 идеален дел. Во 2002 по основ на договор за поклон ОДУ бр. …од … година 4/8 идеален дел од С. Т.се запишуваат на С. Л.во истиот ПЛ бр. … Денес КП бр. … е запишана како нива од.. кл. со површина од … мкв. во ПЛ бр. …на тужителката Л. С. 4/8 идеален дел, тужениот Н. П. А. 2/8 идеален дел, тужените Ш. Т. и Ш. Б.по 1/8 идеален дел. Со извршениот увид и премер на КП бр. … е утврдено дека е спорен средишниот дел од парцелата кој го користат тужените со површина од 120 мкв. Дадено е мислење: тужителката на лице место го користи северниот дел од КП бр…. со површина од … мкв. кој со ВПП бр. 141/93 му припаднал на нејзиниот татко, во истите граници утврдени во решението ВПП бр. 141/93. Тужените на лице место го користат јужниот дел од КП бр…. во кој влегуваат неспорните … мкв. и спорните …мкв. кои заедно прават … мкв. како што и треба да користат според решението ВПП бр. 141/93 . Овие два дела се во истите граници утврдени во решението ВПП бр. 141/93. Спорното место со површина од …мкв. на скицата обоено црвено дел од КП бр. … нива . кл. м.в. П. , КО О.е со следните мери и граници: од исток во должина од .. м. се граничи со дел од КП бр. .. кој го користи и припаѓа на тужителката во еден прелом и во должина од …. м. се граничи со дел од КП бр. … кој го користат и припаѓа на тужените, од запад во должина од..м. се граничи со КП бр….во еден прелом, од југ во должина од .. м. се граничи со дел од КП бр. … кој го користат и припаѓаат на тужените, од север во должина од …м. се граничи со дел од КП бр. …кој го користи и припаѓа на тужителката, припаѓа на тужените кои на лице место и го користат. Составен дел е скица на КП бр. … и КП бр. … изработена во размер 1:500.
Според наод и мислење СВ III … од … година на Б. за с. в. С. тужителката со договор за поклон на непокретен имот се стекнала со сопственост и на дел од КП бр. … за КО О.во површина од .. мкв. Толкав дел му припаднал на нејзиниот претходник С. Т. согласно решението ВПП бр. 141/93 на овој суд. Согласно решението и на противниците А. Н. и Ш. Т. им припаднала истата површина од …мкв. од КП … за КО О. Почитувајќи ја волјата на потписниците на договорот за купопродажба … од … година каде предмет на купопродажба е 1/2 идеален дел од КП бр. …се на мислење дека предметната КП …. треба подеднакво да им припадне на тужените. Согласно сегашните законски прописи, физичка делба на земјоделско земјиште помало од 2 хектари не е дозволено, така да и понатаму владеењето на површините ќе биде во идеални делови. За подобро разграничување, пожелно е да се изработи скица базирана на геодетски премер, во која ќе бидат наведени граници и мери на посебни делови од вкупната површина кои ги владеат тужените. Техничкиот дел од самата постапка во однос на мери, граници и површина треба да бидат прикажани во соодветен геодетски елаборат, кој ќе биде предмет на спроведување во катастарскиот операт.
Според наод и мислење од Д.за в., и. , г.и у. Е. С. ДООЕЛ С. од … година, според прилог 1 вештите лица утврдиле дека површината од ..мкв. од самото место (обоена жолто) со мери и граници: од север спрема КП бр. .. мери ….м. од исток спрема КП бр. ..о…м. и спрема КП бр. …со …, од југ спрема КП бр… со мери …, и од запад спрема КП … со мери …м. соодветствува со сегашната КП бр…. кое е во фактичко владение на тужителот, која е попишана во пописен лист ПЛ ..како нива со површина од … мкв. без утврдено право на сопственост и со непознат носител на право (неизложена). Површината од самото место од .. мкв. (обоена црвено) со мери и граници: од север спрема КП бр. …со мери ... и спрема КП бр…. мери .. м., од исток спрема КП … со мери … м , од југ спрема КП бр….со мери …, од запад спрема КП бр. … со мери … м. соодветствува со актуелната КП … која на самото место е во фактичко владение на тужените, која во катастарската евиденција е попишана во пописен лист ПЛ … како нива со површина од …мкв. без утврдено и запишано право на сопственост и со непознат носител на правото (неизложена). Површината од самото место од … мкв.( обоена сино) со мери по границите: од север спрема КП …со мери …3 м, од исток спрема КП …со мери по искршена гранична линија од 6,61м. па …м., потоа ..м. од југ , спрема КП … со мери … м. и спрема КП … со мери … м. од запад, спрема КП .. со мери по искршена гранична линија од .. м. па .. потоа ... соодветствува со сегашната КП …која на самото место заедно со површината од …мкв. (обоено зелено) како дел од КП …со мери по границите: од исток спрема поголемиот дел од истата КП …со мери од …м. помеѓу граничните теренски точки 4 и 3, па …м. помеѓу граничните точки 3 и 2 и уште …. помеѓу граничните точки 2 и 1, од југ спрема КП …со …м. помеѓу теренската гранична точка 1 и катастарската гранична точка од запад спрема КП …со мери по искршената гранична линија од … м. оа … м. и уште …м., и од север спрема КП .. со … м. помеѓу катастарската гранична и теренска гранична точка 4 или заедно двата дела со …мкв. се во фактичко владение на прво и второ тужените а во службената катастарска евиденција КП .. како двор со .. мкв. и земјиште под зграда со …мкв. е попишана во пописен лист ПЛ бр. …без утврдено и запишано право. Од прилог 2 кој претставува споредување на поранешната со актуелната катастарска состојба на катастарските планови, на повеќе сега актуелни катастарски парцели и тоа: …мкв. како дел од сегашната КП ..обоено со жолто со мери по границите: од север …м. од исток …. од југ … и од запад ..м. која КП .. како двор со .. мкв. земјиште под зграда со … мкв. и земјиште под друга зграда со ..мкв. во катастарската евиденција а запишана во ИЛ бр. …на Т.М. со право на сопственост; …мкв. како дел од сегашната КП бр. … (во прилогот обено со светло сино) со мери и граници од север … м. од исток … м. со свртување од …м. и ново свртување од .. м….м од југ .. м. и од запад … м + … м. + …м. која … како нива со … мкв. во катастарот на недвижности е попишана во пописен лист ПЛ…со неутврдено и со незапишано право, на непознат носител на правото; 4 мкв. како дел од сегашната КП … на прилогот обоено црвено) со мери : од север .. м. од исток … м. од југ ..и од запад …м која КП …како нива со ..мкв. е запишана во ИЛ бр. …на Т. М.. мкв. како дел од сегашната КП …( на прилогот обоена со зелено ) со мери од север … м. од исток …, од југ … м. од запад … м. која КП …како лозје со …мкв. е попишана во пописен лист ..со неутврдено и незапишано право на непозант носител. .. мкв. како дел од сегашната КП .. ( на прилогот обоено кафено) со мери од север …м+ ….м. од исток … м од југ … м., од запад … м која КП … како нива од … мкв. е незапишана. …кв. како дел од сегашната КП.. ( на прилогот обоено со кармин црвено) со мери: од север ..м. од исток … , од југ .. м. и од запад ..м и уште … м кои делови заедно чинат вкупна површина од …мкв. и се разликува за ..мкв. од површината од … мкв. евидентирана како последна состојба за поранешната КП … во поранешниот ПЛ ..за КО О.. Разликата во површината од . мкв. помеѓу фактичката и катастарската поранешна површина на КП … е последица од различните размери на премерување за поранешниот и сегашниот премер и од примената на различен прибор, методи и точност при пресметување на површините, порано и денес, и е во границите на допуштени отстапувања согласно катастарските прописи. Од прикажаното во прилог 3 се утврдува дека погоре опишаните површини од …мкв. и … мкв. или вкупно …мкв. од поранешната КП … се во фактичко владение на прво и второ тужените а опишаните погоре површини од …мкв. и од ..мкв. или вкупно … мкв. од поранешната КП … се во фактичко владение на тужителката. Погоре опишаните површини од .. мкв. од ..мкв. или заедно од .. мкв. како делови од поранешната КП … се надвор од фактичко владение на тужителот и на тужените односно површината од .. мкв. со мери опишани погоре во наодот е во состав на сегашната КП .. површината од ..мкв. со мери по границите наведени погоре во наодот е во состав а сегашната КП. …Видно од прилог 3 тужителот владее уште .. мкв. обоено со црвено од поранешната КП .. сегашна КП … и уште … мкв. на прилог .. обоено со жолта боја од поранешната КП … сегашна КП … а тужените владеат делови од …кв. обоено со зелено од поранешната КП .. сегашна КП … односно …мкв. обоена со кармин црвена боја од поранешната КП … односно дел од сегашна КП … и деловите …мкв…. мкв. .. мкв. ..мкв. на прилогот 3 сите обоени сино, од поранешната КП…сегашна КП бр …како и делови од .. мкв. ..мкв. на прилогот обоено кафено од сегашната КП бр…. и КП …оранешна КП .. односно уште .. мкв. на прилогот 3 обоени помаранџа од сегашната КП … од поранешната КП .. Според уверение на АКН бр….од 2009 година договорот за купопродажба од 1992 година бил спроведен на начин што секоја од двете парцели е евидентирана на половина на продавачот а другата половина од секоја од двете парцели по 1/4 на секој од купувачите бидејќи кога тие делови не се конкретизирани, правило е да се смета дека се еднакви во случајов по 1/4. Значи спроведената состојба во ПЛ…за КО О.продавачот ја прифатил, што е очигледно при склучување на договор за дар со кој својата половина од КП … со …мкв. и го подарил на својата ќерка, а таквата состојба била прифатена и од купувачите. Од ова следува дека со список на промени бр…. во 2002 година во службената катастарска евиденција е спроведен договорот за дар , така што на име на С. Љ. се евидентирала 1/2 од површината на КП … која во реален дел изнесува …мкв. Катастарот го толкувал предметниот договор за купопродажба од 1992 година на начин на кој го спровел во јавна евиденција а следователно на така спроведената состојба произлегле правни последици при спроведување на договорот за дар. Дадено е следното мислење: Неспорно е дека според договорот за купопродажба на недвижен имот од ..година продавачот на купувачите им продал 6/3 односно 3/6 од имотот наведен во член 1 од договорот односно од КП … со …мкв. и од КП …со ..мкв. и дека по извршената целосна исплата, било извршено предавање во сопственост и владение на купената ствар. Меѓутоа , не е јасно на кој начин биле ставени во владение купувачите на предметната ствар односно дали на површина од половина од секоја од двете парцели или на половина од вкупната површина на двете парцели заедно. Сметаат дека воведувањето во владение на купувачите на купеното земјиште доколку било стварно спроведено на самото место, било импровизирано со утврдување до кој ред од лозјето на тогашната КП бр. … и како понатаму било извршено воведување во владение.
Во дополнителен наод и мислење од Д. за в., и., г. и у. Е. С. ДООЕЛ С. од 12.10.2012 година наведено е дека барањето идеалниот продаден дел претворен во реален дел на тужените со точна квадратура да се издвои на скица со мери и граници, не е можно од причини наведени во вештачењето од 5.09.2012 година, не е можно издвојување на посебна скица на непродадениот дел со точна квадртура во владение на Т. С., првобитната површина пред продажбата е непозната како од договорот од 14.04.1992 година така и од уверение на АКН одделение В.бр….од …година односно земјиштето било со вкупна површина од …мкв. од кои поранешната КП … со …мкв. и поранешната КП бр …со површина од …мкв., колку квадратура секоја странка владее не можат да наведат од причина што за спорниот дел од поранешната КП … не била барана информација за фактичката состојба на владеење, за да се утврди дали некоја од странките владее повеќе или помалку, потребно е секоја од странките да изврши обележување на граничните точки со видни белези, потоа да се изврши премерување и идентификација, во вештачењето на Б. за с. в. од в. Л.м-р М. Н.дипл. геодетски инженер се наведени конкретни експроприрани површини од земјиштето на Т. С. односно на земјиштето на купувачите како и која останала источно и западно од автопатот С. – П.но не наведува како ја дешифрирал граничната линија помеѓу продадената и останатата непродадена површина, вештачењето на Завод за вештачење од тим од три вешти лица се чини дека е прилично паушално, неаналитично без премерување на фактичката состојба и споредување со катастарската евиденција, одговор на прашањето колку од кој дел е експроприрана површина за изградба на автопат е можно откако ќе бидат доставени решенијата за експропријација, ќе биде утврдено каде била граничната линија помеѓу купениот и остатокот од целото земјиште и ќе биде обележаната состојба на границите, суштествено е да се утврди дали предмет на купопродажба бил реален дел или пак идеален дел, како што е спроведено во јавните книги, самиот катастар упатува на претпоставката дека гранична линија претставува цик-цак искршена линија помеѓу продадениот и задржаниот дел, а доколку бил оставен пристапен пат каде бил оставен и каде се протега, со мери и граници и површина.
Според исказот на првотужената даден во својство на странка од моментот кога нејзиниот татко го купил недвижниот имот од таткото на тужителката, нејзиното семејство непрекинато го користи и го владе а во тоа не биле попречувани од никого, така што има изградено викендица во која живеат а на спорното место нејзиниот татко има засадено овошни дрвја, орев, слива и дуња и тоа место тужителката никогаш не го владеела. На спорното место првотужената и нејзиниот брат второтужениот Тони Шкортов уште како деца си играле а тука го празнувале и празникот 1-ви Мај.
Судот имајќи ја во предвид погоре утврдената фактичка положба одлучи како во диспозитивот, а од следните причини :
Од увид во договор за купопродажба на недвижен имот заведен пред овој суд под Зав II НД бр….од … година се утврди дека таткото на тужителката на таткото на прво и второтужените и на третотужениот им продал 6/3 идеален дел од неговиот имот: КПбр…. нива од…мкв. и КП бр….од .. мкв. на ПЛ бр….за КО О. а со правосилна пресуда П бр. 973/93 од 16.02.1999 година е утврдено дека во цитираниот договор за купопродажба внесена е невистинита содржина кој се однесува на продадени 6/3 идеален дел така што договорот се однесува за 3/6 идеален дел односно за 1/2 идеален дел од предметниот имот.
Од увид во правосилно решение ВПП бр. 141/93 од 26.06.2000 година се утврди дека помеѓу сопствениците се уредува начинот на управување и користење на заедничкиот имот на кој имаат по 1/2 идеален дел така што на предлагачот му припаѓа на користење од КПбр. … површина од … мкв. северен дел и од КПбр…. површина од …мкв. северен дел со наведени мери и граници а на противниците им припаѓа од КПбр. … површина од … мкв. јужен дел со и од КПбр….површина од …мкв. јужен дел со наведени мери и граници. Не е спорно дека по тоа решение противниците го владееле својот дел и го оградиле со жица спрема делот на предлагачот и така го владеат до денес. Од увид во решение И бр. 5588/01 од 10.03.2003 година се утврди дека била поведена постапката за присилно извршување на решението ВПП бр. 141/93 од 26.06.2000 година а предлогот се одбива бидејќи не е подобно за извршување бидејќи во него утврдени се реалните делови со мери и граници.
Од увид во пресуда П бр. 670/04 од 15.11.2007 година се утврди дека се одбива како неосновано тужбеното барање на правниот претходник на тужителката да се задолжат правниот претходник на прво и второтужените и трето тужениот да му ги исплатат наведените износи, затоа што истото е застарено.
Од увид во уверение бр….од .. година на АКН О.за к. на н. В.се утврди дека во катастарскиот операт за КО О.заведена е КП бр…. со површина од …мкв. нива од ..кл. во м.в. П. во ПЛ бр. …на име на тужителката 4/8 идеален дел, трето тужениот 2/8 идеален дел и прво и второ тужените по 1/8 идеален дел.
Од увид во записник за увид на лице од 23.09.2009 година се утврди дека спорното место се наоѓа западно од парцелата на тужителката и се граничи од север и исток со нејзината парцела, од источната страна се граничи со дел на тужените а од јужната страна се граничи со тужените, оградено е со жичана ограда, во истото има овошни дрвја: дуња, две круши и орев, не е обработено така што е обраснато со трева и го користат тужените.
Од исказот на првотужената сослушана како странка се утврди дека спорниот недвижен имот од моментот на купопродажбата непрекинато го користат и го владеат а во тоа не биле попречувани од никого, така што нејзиниот татко има засадено овошни дрвја, орев, слива и дуња.
Од увид во наод и мислење од ДГР Г.В-Б ДОО В. од 25.11.2009 година се утврди дека на лице место тужителката го користи северниот дел од КП бр… со површина од … мкв. кој со ВПП бр. 141/93 му припаднал на нејзиниот татко, во истите граници утврдени во решението ВПП бр. 141/93 а тужените го користат јужниот дел од КП бр…. во кој влегуваат неспорните …мкв. и спорните …мкв. кои заедно прават … мкв. како што и треба да користат според решението ВПП бр. … и опишано е спорното место со површина од ..мкв. со мери и граници подетално погоре наведени.
Од увид во наод и мислење СВ III …од … година на Б. за с. в. С.е се утврди дека тужителката е стекнала со сопственост на дел од КП бр. … за КО О. во површина од … мкв. согласно ршението ВПП бр. 141/93 а согласно со тоа решение и на трето тужениот и таткото на прво и второ тужените, им припаднала иста површина од … мкв. од КП ..за КО О.
Од увид во наод и мислење и дополнителен наод и мислење од Д. за в. И. , г. и услуги Е. С. ДООЕЛ С. и исказите на двете вешти лица дадени на расправата се утврди дека поранешната КП … е сегашна КП …, дека поранешната КП бр. …се состои од повеќе делови подетално погоре опишани, дека со договорот од 1992 година е купена по 1/2 идеален дел од двете парцели иако е многу логично да се прифати дека се купени односно продадени половините од површините на секоја од двете парцели засебно, бидејќи доколку било поинаку, договорот ќе содржел поинакви идеални делови. Спроведената состојба во ПЛ …за КО О.продавачот ја прифатил што е очигледно од склучениот договор за дар со кој својот дел од КП .. со …мкв. го подарил на својата ќерка така што на нејзино име се евидентира 1/2 која во реален дел е … мкв. Катастарот го толкувал предметниот договор за површина од …мкв. со кој владее или вкупно ..мкв. договорот за купопродажба на недвижен имот од … година продавачот на купувачите им продал 3/6 од КП … со …мкв. и од КП … со …. мкв. и дека купената ствар била предадена во сопственост и владение.
Тужителката бара да се утврди дека спрема тужените има право на сопственост на дел од КП бр…. во површина од …мкв., кој го владеат тужените и да се задолжат тужените да и го признаат тоа право, да ја отстранат поставената жица и да и го предадат во владение, а кој дел заедно со делот во површина од …мкв. од истата парцела кој таа го владее, е во вкупна површина од …мкв. затоа што тоа произлегува од вештачењето СВ. III бр. … од … година на Б.за с. в.С. од вештото лице м-р М. Н. спроведено во предметот П бр. 670/04.
Значи во конкретниот случај се работи за спор за право на сопственост и предавање во владение на дел во површина од …мкв. од КП бр. …, кој го владеат тужените а делот во површина од .. мкв. од истата парцела со кој владее тужителката , всушност не е спорен а се наведува заради збирот на двата дела од вкупно …мкв. наведен од вештото лице м-р М. Н..
Судот имајќи ги во предвид погоре утврдените факти и околности најде дека тужбеното барање на тужителката е неосновано поради што го одби.
Така според чл. 112 став 1 од Законот за сопственост и други стварни права, право на сопственост се стекнува според закон, врз основа на правна работа и со наследување.
Судот во конкретниот случај утврди дека спроведената состојба во ПЛ ..за КО О.продавачот, таткото на тужителката ја прифатил, што е очигледно при склучување на договор за дар со кој својата половина од КП … со ..мкв. и го подарил на својата ќерка, а таквата состојба била прифатена и од купувачите, правниот претходник на прво и второ тужените и од трето тужениот. Тоа значи дека тужителката согласно со погоре цитираниот член и закон се стекнала со право на сопственост на овој имот врз основа на правна работа- договор за поклон ОДУ бр. .. од …година. Овој договор за поклон е склучен откако претходно биле водени наведените постапки помеѓу правниот претходник на тужителката од една страна и правниот претходник на прво и второ тужените, нивниот татко и трето тужениот од друга страна, и откако била завршена постапката за уредување на начинот на користење и управување на заедничкиот имот, меѓу кој и сега предметната парцела така што било донесено решение ВПП бр.141/93 од 26.06.2000 година со кое е уреден начинот на користење така што на правниот претходник на тужителката му припаднал на користење северниот дел во површина од …мкв. а на правниот претходник на прво и второ тужените, нивниот татко и трето тужениот јужниот дел од парцелата во површина од … мкв. со наведените мери и граници, и потоа секој го владеел својот дел а тужените својот дел го оградиле со жица, што се утврди и на увид на лице место. При таква состојба да во правосилно решение на овој суд ВПП бр.141/93 од 26.06.2000 година е содржан начинот на користење на заедничкиот имот и утврдени се реалните делови со мери и граници, правниот претходник на тужителката при склучување на договор за поклон ОДУ бр…. од /… година всушност можел да и го поклони само она со што располагал а тоа е северниот дел од предметната КП што му припаднал на користење во површина од … мкв., што значи не можел да и го поклони делот во површина од …кв. што тужителката сега го бара, па не се исполнети условите во погоре цитираниот член и закон за стекнување на право на сопственост и предавање во владение.
Правото на сопственост и владение на делот од КП бр. … на ПЛ бр. …во површина од … мкв. во конкретниот случај по наоѓање на судот не е спорно затоа што е предмет на договорот за поклон ОДУ бр…. од .. година, на решанието ВПП бр. 141/93 од 26.06.2000 година, се води на нејзино име на ПЛ бр….за КО О. и е во нејзино владение, како што наведува и самата тужителка во тужбеното барање и тужените тоа не го оспоруваат, па истото е беспредметно.
Треба да се дополни дека судот го ценеше на вештачењето од вештото лице м-р М.Н. од Б. за с. в. С. Св. III бр…. од … година спроведено во предметот П бр. 670/04, во кое е наведена вкупната површина од …мкв. од парцелата која правниот претходник на тужителката ја имал пред експропријацијата во 1995 година, но не придонесе за донесување на поинаква одлука затоа што е спроведено во друга постапка, по друг основ и пред да биде донесено решението ВПП бр.141/93 од 26.06.2000 година, а од друга страна истото е спротивно на погоре утврдените факти и околности.
Судот го одби предлогот на полномошникот на тужителката да се дополни вештачењето со изготвување на скица со опис на спорната површина со мери и граници и жичаната ограда каде точно се наоѓа и со кои димензии, од причина што во конкретниот случај спроведени се погоре наведените вештачења од кои се утврдија решителните факти, па истото не е потребно и ќе доведе до непотребно одолговлекување на постапката.
Во поглед на трошоците во спорот судот одлучи како во изреката согласно со чл. 148 од ЗПП така што тужителката не успеа во спорот па следуваше да се одбие нејзиното барање да и се надоместат трошоците во спорот во износ од 164.040,00 денари и да се задолжи на прво и второ тужените да им ги надомести трошоците кои им ги предизвика со водење на спорот во износ од 70.950,00 денари кои се однесуваат за: состав на одговор на тужба сума во износ од 2.600,00 денари со зголемување за 30% за второтужен за сума од 780,00 денари или вкупно 3.380,00 денари, награда за застапување сума во износ од 3.120,00 денари со зголемување за 30% за второтужен за сума од 936,00 денари или 4.080,00 денари за едно а за 13 рочиште вкупно 53.040,00 денари, награда за две застапување на лице место секое по 4.080,00 денари или вкупно 8.160,00 денари, состав на писмен одговор на жалба сума во износ од 5.070,00 денари и состав на полномошно 1.300,00 денари.
Судот не го прифати барањето на полномошникот на прво и второ тужените на име надомест на трошоци во спорот да им исплати за: состав на трошковник сума во износ од 1.300,00 денари бидејќи не се нужни трошоци за водење на спорот, за состав на одговор на жалба против донесено решение на судот со кое се одбива учеството на Т.С., бивш од В. како замешувач во постапката во износ од 5.070,00 денари и за состав на поднесок од 29.09.2008 година со кој се оспорува правото на замешување во износ од 3.380,00 денари, бидејќи не се предизвикани по вина на тужителката туку по вина на Т. С., бивш од В. и тие трошоци можеле да ги бараат при донесување на решението од 28.10.2008 година.



Претседател на совет
С у д и ј а

Виолета Мојсова


ПРАВНА ПОУКА:
Против оваа пресуда недоволната странка има
право на жалба во рок од 15 дена по приемот
преку овој суд до Апелационен суд Скопје

Назад