Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Одлуки на Основниот Суд Велес

29.03.2011   К.бр.169/11

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБУЛИКА МАКЕДОНИЈА

ОСНОВНИОТ СУД ВЕЛЕС како првостепен кривичен суд, од судијата Габриела Гајдова како судија поединец, со записничар Лилјана Стојанова-Судски референт Дактилограф во кривичната постапка по Обвинителниот предлог III КО.бр.167/2011 од 18.03.2011 година на Основното јавно обвинителство Велес, против обвинетата М. Ј. од В., за кривично дело Измама од чл.247 ст.1 од КЗ, на ден 24.03.2011 година без одржување на главен претрес, врз основа на чл.460 ст.1 од ЗКП ја донесе следната

П Р Е С У Д А

Обвинетата:
М. Ј. од татко П. и мајка В., родена на … година во В., каде и живее на ул."Б. Ѓ." бр.., државјанин на РМ, со ЕМБГ ....

В И Н О В Н А Е

ЗАТОА ШТО:

Во временскиот период од 21.06.2007-31.08.2007 година и од 01.05.2008-01.01.2009 година искористувајќи исти прилики и слични околности, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со прикривање на факти, ги довела во заблуда членовите на стручниот тим на оштетеното ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-В. и ги навела на штета на имотот на центарот да продолжат да и исплатуваат постојана парична помош како на невработена самохрана мајка на едно малолетно дете, на начин што откако со Решение бр.0801-./1 од 22.05.2007 година и е признато право на постојана парична помош, во месечен износ 3.784,00 денари сметано од 01.04.2007 година се до постоење на условите потребни за стекнување на ова право или до навршување на тригодишна возраст на детето - до 01.01.2010 година прикривајќи го фактот дека повеќе не постојат условите потребни за стекнување на ова право, бидејќи во временскиот период од 21.06.2007 - 31.08.2007 година била вработена во ПЗУ Специјална ординација по гинекологија "Х." во С., а од 01.05.2008-01.01.2009 година во ПЗО Специјална болница по кардиохирургија "Ф. В." во С., продолжила да го прима паричниот надоместок , па откако овој факт, врз основа на службената евиденција на Агенцијата за вработување, Центар за вработување-В., бил утврден од страна на оштетеното, со Решение бр.08./2 од 23.03.2009 година правото на постојана парична помош и е укинато сметано од 01.01.2009 година, а од неа е побарано неоправдано исплатените средства во износ од 40.240,00 да ги врати во целост, но од нејзина страна досега се вратени 14.711,00 денари со што на оштетеното ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-В. му е причинета штета во износ од 25.529,00 денари.

Со опишаното дејствие обвинетата сторила кривично дело Измама од чл.247 ст.1 од КЗ, па врз основа на овој член, како и членовите 32,35,39,48,49 и 50 од КЗ, И СЕ УТВРДУВА казна затвор во траење од 3/ три / месеци, при што истовремено и се изрекува алтенративна мерка:

УСЛОВНА ОСУДА

Утврдената казна затвор во траење од 3 / три / месеци нема да се извршува за време од една година, до колку во определниот рок не стори ново кривично дело.
СЕ ЗАДОЛЖУВА обвинетата да ги плати трошоците на кривичната постапка и тоа на име паушал да плати сума во износ од 2.000,00 денари, во рок до 15 дена од правосилноста на пресудата.
СЕ ЗАДОЛЖУВА обвинетата на оштетеното ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-В., на име надомест на штета солидарно да му исплати сума во износ од 25.529,00 денари, во рок до 60 дена од правосилноста на пресудата.
Доколку обвинетата М. Ј. од В. во определениот рок од 60 дена не ја надомести штетата условната осуда ќе се отповика, а утврдената казна затвор ќе се изврши.

О б р а з л о ж е н и е

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог III КО.бр.167/2011 од 18.03.2011 година против обвинетaта М. Ј. од В., за кривично дело Измама од чл.247 ст.1 од КЗ, со предлог судот да донесе пресуда без одржување на главен претрес со која на обвинетата ќе и биде изречена казна затвор во траење од 3 / три / мсесеци условно за 1 година.
Судот го прифати предлогот на јавен обвинител Гордана Тодорова, бидејќи се исполнети условите од чл.458 од ЗКП, за донесување на пресуда без одржување на главен претрес.
Судот изврши увид во доказите приложени кон обвинителениот предлог и тоа: Молба бр../1 од 20.04.2007 година, Решение бр.0801-./1 од 22.05.2007 година на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-В., Решение бр.08./2 од 23.03.2009 година на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-В., Одговор на барање бр.07./4 од 27.05.2009 година од Агенција за вработување на РМ-Центар за вработување В., уплатница во фотокопија од 09.12.2009 година, уплатница во фотокопија од 28.12.2009 година, уплатница во фотокопија од 23.01.2010 година, уплатница во фотокопија од уплатница во фотокопија од 24.08.2009 годниа, уплатница во фотокопија од 09.12.2009 година, уплатница во фотокопија од 24.08.2009 година, уплатница во фотокопија од 28.12.2009 година, па по анализа и оценка на изведените докази секој поделно и во нивна взаемна поврзаност ја утврди следната фактичка состојба:

Во временскиот период од 21.06.2007-31.08.2007 година и од 01.05.2008-01.01.2009 година обвинетата М. Ј. од В. искористувајќи исти прилики и слични околности, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со прикривање на факти, ги довела во заблуда членовите на стручниот тим на оштетеното ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-В. и ги навела на штета на имотот на центарот да продолжат да и исплатуваат постојана парична помош како на невработена самохрана мајка на едно малолетно дете, на начин што откако со Решение бр.0801./1 од 22.05.2007 година и е признато право на постојана парична помош, во месечен износ 3.784,00 денари сметано од 01.04.2007 година се до постоење на условите потребни за стекнување на ова право или до навршување на тригодишна возраст на детето - до 01.01.2010 година прикривајќи го фактот дека повеќе не постојат условите потребни за стекнување на ова право, бидејќи во временскиот период од 21.06.2007 - 31.08.2007 година била вработена во ПЗУ Специјална ординација по гинекологија "Х." во С., а од 01.05.2008-01.01.2009 година во ПЗО Специјална болница по кардиохирургија "Ф. В." во С., продолжила да го прима паричниот надоместок , па откако овој факт, врз основа на службената евиденција на Агенцијата за вработување, Центар за вработување-В., бил утврден од страна на оштетеното, со Решение бр.08./2 од 23.03.2009 година правото на постојана парична помош и е укинато сметано од 01.01.2009 година, а од неа е побарано неоправдано исплатените средства во износ од 40.240,00 да ги врати во целост, но од нејзина страна досега се вратени 14.711,00 денари со што на оштетеното ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-В. му е причинета штета во износ од 25.529,00 денари.

Ваквата фактичка состојба судот ја утврди од Молба бр../1 од 20.04.2007 година дека обвинетата на ден 20.04.2007 година поднела до Центарот за социјална работа В. молба во која бара одобрување на постојана парична помош бидејќи е самохрана мајка на едно дете.
Од Решение бр.0801./1 од 22.05.2007 година на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-В. се утврди дека на обвинетата и се признава правото на постојана парична помош во вредност од 3.784,00 денари се од постоење на услови потребни за стекнување со ова право или до навршување на тригодишна возраст на детето односно до 01.01.2010 година.
Од Решение бр.08./2 од 23.03.2009 година на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-В. се утврди дека на обвинетата и се укинува правото на постојана парична помош од 01.01.2009 година.
Од Одговор на барање бр.07./4 од 27.05.2009 година од Агенција за вработување на РМ-Центар за вработување В. се утврди дека обвинетата е евидентирана со работен однос во ПЗУ Специјална ординација по гинекологија "Х." во С. од 21.06.2007 година-31.08.2007 година, а од 01.05.2008-31.07.2008 година, од 01.08.2008 година-31.10.2008 година и од 1.11.2008 година, во ПЗО Специјална болница по кардиохирургија "Ф. В." во С..
Од уплатница во фотокопија од 09.12.2009 година се утврди дека од страна на обвинетата на име Центар за социјална работа В. се уплатени 3.353,00 денари.
Од уплатница во фотокопија од 28.12.2009 година се утврди дека од страна на обвинетата на име Центар за социјална работа В. се уплатени 3.353,00 денари.
Од уплатница во фотокопија од 23.01.2010 година се утврди дека од страна на обвинетата на име Центар за социјална работа В. се уплатени 3.353,00 денари.
Од уплатница во фотокопија од 24.08.2009 година се утврди дека од страна на обвинетата на име Центар за социјална работа В. се уплатени 3.353,00 денари.
Од уплатница во фотокопија од 09.12.2009 година се утврди дека од страна на обвинетата на име Центар за социјална работа В. се уплатени 433,00 денари.
Од уплатница во фотокопија од 24.08.2009 година се утврди дека од страна на обвинетата на име Центар за социјална работа В. се уплатени 433,00 денари.
Од уплатница во фотокопија од 28.12.2009 година се утврди дека од страна на обвинетата на име Центар за социјална работа В. се уплатени 433,00 денари.
Од вака утврдената фактичка состојба судот утврди дека во дејствието на обвинетата се содржани битните елементи на кривичното дело Измама од чл.247 ст.1 од КЗ, поради што ја огласи за виновна и и утврди казна затвор во траење од 3/ три / месеци истовремено условувајќи ја за време од 1 година.
При одмерувањето на видот и висината на кривичната санкција судот како отежнителни ги зеде околностите за видот и тежината на кривичното дело, степенот на кривичната одговорност на обвинетата, а за олеснителни ги зеде околностите на релативната младост на обвинетата, фактот дека е самохрана мајка на едно малолетно дете, па сметаше дека не е нужно спрема обвинетата да биде изречена казна туку предупредувањето со закана од казна доволно ќе влијае врз обвинетата во иднина да не врши вакви или слични кривични дела, а ќе влијае и на околината во која истата живее и се движи да не вршат вакви или слични кривични дела.
Судот согласно чл. 92 в.в.. чл.98 ст.1 и 2 од ЗКП, ја задолжи обвиенетата М. Ј. од В. да ги плати трошоците на кривичната постапка и тоа на име паушал сума во износ од 1.500,00 денари, во рок до 15 дена од правосилноста на пресудата.
Согласно чл.102 од ЗКП судот ја задолжи обвинетата на оштетеното ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа-В., на име надомест на штета солидарно да му исплати сума во износ од 25.529,00 денари, во рок до 60 дена од правосилноста на пресудата.
Согласно чл.49 ст.2 од КЗ судот определи дека доколку обвинетата М. Ј. од В. во определениот рок од 60 дена не ја надомести штетата, условната осуда ќе се отповика, а утврдената казна затвор ќе се изврши.
Основен суд Велес, К.бр.169/11 од 24.03.2011 година.

Записничар, Претседател на Совет-судија,
Лилјана Стојанова Габриела Гајдова
ПРАВНА ПОУКА:
Против ова пресуда обвинетата може да изјави приговор во рок од 8 дена од приемот до овој суд.
ДН.ОЈО, обвинета и оштетен.




Назад